ЖРК Куманово со победа во ВРХЛ лигата, совладан ОРК Рудар

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово победнички го стартуваа своето учествово Регионална женска ракометна лига, откако вчера на домешн терен го совладаа составот на ОРК Рудар од Црна Гора со 29:20.

Loading...

Краткото водство на Црногорките на почетокот на средбата не траеше долго, затоа што избраничките на тренерот Симе Симевски ја презедоа контролата над играта и издоминираа во играта.

На крајот на првиот дел од средбата Куманово водеше со резултат 15:9.

ЖРК Куманово прикажа доминантна игра и во текот на второто полувреме, кога по петнаесетина минути на теренот имаше и водство од десет голови, со што веќе се знаеше исходот од мечот.

Најефикасни со по седум гола кај Куманово беа Јована Кипријановска и Александра Боризовска.

Вториот натпревар кумановки го играа во недела со почеток во 17:30 часот, кога го пречекуваат составот на ЖРК Зајечар од Србија.

Leave a Reply