ЖРК Куманово со победа против Вардар, во првиот натпревар по шест месеци пауза

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово вчера со 21:25 на гостински терен ја добија екипата на ЖРК Вардар во рамките на првиот контролен натпревар пред почетокот на сезоната.

Loading...

За кумановки ова е прв натпревар воопшто по цели шест месеци, откако беше прекината изминатата сезона по избувнувањето на епидемијата на коронавирусот.

Гостите подобро почнаа и се одлепија со серија 0-5 на 1-6. На сцена стапи голманот Грујовска која врза 3-4 одбрани и на одмор се замина со +4 за кумановчанки. Предноста беше константна и вардарки дојдоа до резултатски приклучок од 17-20. Сепак, следеше нова серија на ЖРК Куманово и победа од 21-25.

Кај вардарки Костовиќ постигна пет гола, по три погодока постигнаа Миновска, Дамјаноска и Трпевска. Во победничкиот табор сите ракометарки играа полетно и заслужено стигнаа до победата.

Следниот натпревар ЖР Куманово го игра во среда на домашен терен исто така против екипата на Вардар, додека за време на викендот ќе го пречекаат ЖРК Чаир. Сите натпревари се контролни со цел да се воиграат екипите за сезоната која се очекува да започне есенва.

Во текот на неделата се очекува и целосно доекипирање на составот на Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply