Ракометарките на Куманово со победа на гостински терен против ЖРК Шампион со 22:29 ја стартуваа новата ракометна сезона.
Loading...
Кумановки уште на почетокот од средбата имаа предност од 1:7 што го задржаа и до крајот на натпреварот. Одличното прво полувреме во кое имаа 8:14 им беше гаранција дека рутински треба да доиграат во вториот дел што и се случи.
Најефикасна во тимот на Куманово беше Наташа Нолевска со девет гола, а Ивановска и Кипријановска впишаа по пет погодоци.
Никола Ивановски