Диана Димова ќе биде нов член на Женскиот ракометен клуб Куманово кој активно се засилува во пресрет на новата сезона која стартува во септември.
Кумановскиот прволигаш се засили на позицијата лев бек со Димова која доаѓа од школата на Овче Поле од Свети Николе, од каде и потекнува. Во својата кариера има одиграно две сезони во ЖРК Металург и ЖРК Деспина.
– Очекувам да го освоиме првото место сезонава, а јас ќе го дадам својот максимум да се избориме за победата, изјави 22-годишната Димова за Кумановски Муабети.