ЖРК Куманово се враќа со победа против гевгеличанки

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово денеска обезбедија нова победа во рамките на женската Супер лига откако на гостински терен со резултат 25:22 го совладаа составот на ЖРК Гевгелија.

Покрај финансиските проблеми, клубот најде сили да се консолидира и подготви за нови победи, а за тоа беше доказ и денешниот меч на кој се изборија против гевгеличанки.

Со два поени беа подобри и во првото полувреме од средбата, кога на пауза заминаа со резултат 14:12. Добрата игра продолжи и во вториот дел од мечот кога со еден гол повеќе издоминираа победа над домаќинките. Целиот натпревар мина во скоро изедначен скор, меѓутоа последните неколку минути беа доволни кумановки да си обезбедат триумф.

Со шест голови најдобра беше репрезентативката Александра Боризовска, а веднаш зад неа со по пет погодоци друштво во најдобрите и прават и Бранкица Марковиќ, Мила Трајковиќ и капитенот Викторија Пеовска.

Во составот на домаќинктие со осум голови најдобра беше Михаела Митревска, а вендаш зад неа со три погодоци помалку е и Драгица Митрова.

ЖРК Куманово моментално се наоѓа на третата позиција во табелата со 11 победи и пет порази, веднаш зад Металург и Вардар.

 

Loading...