ЖРК Куманово се пласираше во финале на Ф4 турнирот за кадетки

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово во категоријата кадетки денеска го совладаа составот на Стружанка со резултат 26:18 и успешно се пласираа во финалето на Фајнл фор турнирот.

Кумановки убедливо ја започнаа играта на домашен терен и доминираа во текот на целата средба. Првото полувреме направија поголемо водство од 15:8 со што веќе остана само да се одржува прдноста пред гостинките од Струга.

Второто полувреме ракометарките на Куманово дадоа се од себе да изиграат како во првиот дел од мечот, со што успешно впишаа победа на првиот натпревар кој го отвори турнирот на кој учествуваат најдобрите четири екипи од државата.

Најдобра во составот на Куманово беше репрезентативката Мила Трајковиќ која реализираше 11 голови, а во составот на Стружанка со девет најефикасна беше Ивана Затуроска.

Големото финале ќе се игра вечерва со почеток во 19:30 часот во Спортската сала на СОУ „Перо Наков“ каде денеска се одржува турнирот. Противник на кумановки ќе биде победникот од натпреварот Вардар – Металург кој се игра од 12:30 часот.

Од управата на клубот ги повикуваат љубителите на ракометот вечерва да им дадат поддршка на кумановските ракометарки за да пехарот остане во Куманово.

 

Loading...

Leave a Reply