ЖРК Куманово се наоѓа на чекор од плеј-оф

Loading...
Сподели со своите пријатели

Ракометарките на ЖРК Куманово се наоѓаат на чекор од пласман од плеј-офот во домашниот шампионат, откако викендов го совладаа ЖРК Пелистер.

Во рамките на седмото коло од сезонава, кумановки остварија победа на гостински терен со резултат 19:32.

Со 10 погодоци најефикасна беше Нена Нестороска, седум гола запиша Сузана Зечевиќ, шест Мила Трајковиќ, а пет погодоци имаше Сара Цветановска. Брилијантна беше и голманката Марија Јовановска со дури 18 одбрани.

Следниот меч кумановки го играат дома против ЖРК Овче Поле.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Реконструиран патот од Клечовце до Бељаковце. Димитриевски и Трајановски на увид (ВИДЕО)