ЖРК Куманово против Пелистер во четвртфиналето од Купот на Македонија

Сподели со своите пријатели

Откако на гостински терен го совлада тимот на ЖРК Шампион со убедливи 14:48, ЖРК Куманово си обезбеди место во четвртфиналето од Купот на Македонија.

За борбата за полуфинале ќе треба да го совлада составот на Пелистер од Битола, кој го доби за противник по одржаната ждрепка во просториите на Ракометната федерација.

И во овој меч кумановки ќе влезат како фаворити со оглед дека Пелистер досега има само две победи и се наоѓа на дното од табелата.

Мечот ќе го игра на 25 или 26 март, на гостински терен.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Работник од Скопје тешко повреден во Куманово