Освен почетното водство на ЖРК Пелистер од 2:1 и 3:2, се друго беше во знакот на ракометарките на Куманово.
Иако без две стандардни ракометарки Маја Ивановска и Мила Трајковиќ, екипата на ЖРК Пелистер од Битола не беше достоен противник. Само во првото полувреме домаќинот донекаде одржуваше резултатска неизвесност, а тоа впрочем го покажа и резултатот кој на крајот на првото полувреме изнесуваше 9:11 за ЖРК Куманово.
Второто полувреме започна рамноправно се до моментот кога резултатот беше 13:13, а потоа екипа на кумановки додаде гас и со серија од 7:0 успеа да се одлепи и рутински да го заврши натпреварот и да запише нови три бода на контото. Натпреварот заврши со резултат 19:25 со победа за ЖРК Куманово, со што го обезбедија второт место на табелата, со оглед дека Металург има еден гол разлика.
Александра Боризовска беше фантастична на овој натпревар со дадени 8 гола, потоа Моника Паневска со 5 гола, а капитенот Викторија Пеовска натпреварот го заврши со постигнати 4 гола. Вреди да се спомене и голманката Дичковиќ со неверојатни 16 одбрани.
Следниот натпревар ЖРК Куманово го игра на домашен терен против екипата на ЖРК Вардар СЦЈС.