Женскиот ракометен тим од Куманово продолжува со натпреварите во оваа натпреварувачка сезона. Кумановки на домашен терен ја пречекуваат екипата на ЖРК Вардар СЦЈС која што исто така ќе игра во европскиот ЕХФ Челинџ куп оваа година.
Од нашиот табор свесни се дека се наоѓаат пред тежок испит , но сепак се надеваат на успех на овој натпревар, велат од ЖРК Куманово.
ЖРК Вардар СЦЈС е голем предизвик, желни сме за докажување и борба. Добро го знаеме нашиот противник, игравме против нив лани. На овој натпревар ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме сите. Јас, како капитен, па се до последната ракометарка. Се надевам на добар натпревар во кој што ќе продолжиме со одличната игра и да оствариме добар резултат – изјави Викторија Пеовска, капитен на екипата
Тимот на ЖРК Куманово ги поканува сите љубители на женскиот ракомет да дојдат во што помасовен број во сабота (01.10.2016) да го проследат натпреварот против тимот на ЖРК Вардар СЦЈС од Скопје во спортската сала на ОУ Христијан Карпош од 17:30.