Ракометарките на Куманово вчеравечер го загубија 15-от меч во рамките на женската ракометна лига, откако на домашен терен го загубија мечот од Вардар со резултат 31:23.
„Вардарки“ испишаа 13та победа по ред, додека за ракометарките на Куманово ова беше петти пораз од почетокот на сезоната. Во првото полувреме кумановци имаа сила да возвратат на секое водство на гостинскиот состав и не дозволија поголема предност на ракометарките на Вардар. Секогаш кога гостинките се обидоа да направат водство од 2 гола, домашните возвраќаа, па на полувреме се замина со резултат 13:13 што всушност несеше неизвесно вотор полувреме за двете екипи.
И вториот дел од средбата кумановки го започнаа солидно и возвраќаа на предноста на противничките, но падот на концентрацијата на кумановки ја искористија „вардарки“ па направија предност од 16:22. Како одминуваше времето на семафорот ракометарките на Вардар се повеќе ја зголемуваа својата предност пред домашниот состав. Неколку минути пред самиот крај од натпреварот беше јасно дека избраничките на Ивановски нема да имаат можност да се изборат за 11та победа по ред.
Натпреварот сепак заврши со резултат 31:23 во корист на гостинскиот состав. Најдобри во составот на ЖРК Куманово беа Пеовска со шест реализирани погодоци, додека со по четири голови мечот го завршија Боризовска и Петковска, додека во победничкиот состав најдобра беше Трпковска со шест голови, но и двете голманки со над 20 одбрани.
ЖРК Куманово моментано е на третата позиција во табелата со 30 бодови, веднаш зад екипите на Металург и Вардар.
Loading...