Женскиот ракометен клуб Куманово активно работи на составување на екипата во пресрет на настпите во ЕХФ Челин купот, но и домашниот шампионат кои почнуваат оваа есен.
Loading...
Александра Боризовска, Бети Петковска, Бранкица Марковиќ и Ивана Дичковиќ ставија потпис на договорите и потврдија уште една сезона во дресот на кумановскиот прволигаш.
Претходно клубот се засили и со Диана Димова од Свети Николе која ќе им помогне на кумановки да стигнат до титулата во овогодинешнта сезона.
Управата и понатаму ќе продолжи во потрагата по нови ракометарки кои ќе го освежат клубот, но и активно ќе вложува во младинските категории од каде произлегуваат одлични ракометарки.