ЖРК Куманово остана без тренер

Сподели со своите пријатели

Во пресрет на почетокот на вториот дел од сезоната, вицешампионот на Македонија, Женскиот ракометен клуб Куманово, остана без тренер, откако селекторот Симе Симовски си поднесе оставка.

Loading...

Засега не е позната причината за неговото заминување, но клубот ќе мора да си бара нов тренер.

Преку социјалните мрежи, ЖРК Куманово, му посакаа многу среќа во иднина.

Инаку, Куманово е на врвот на табелата, без пораз по 13 одиграни меча во женската Супер лига.

Никола Ивановски

Leave a Reply