Ракометарките на Куманово претрпеа пораз во натрепварот против ЖРК Чаир кој викендов се одигра на гостински терен.
Уште од самиот старт кумановки се соочија со голема доминација од домаќинот, кој оваа сезона е лидер во табелата со беспрекорен скор без порази.
Првиот дел од средбата Чаир направи двојна предност пред кумановки, па на пауза се замина со 16:8.
Вториот дел од средбата, иако кумановки се надеваа на пресврт, беше јасно дека домашните тоа нема да го дозволат, па мечот заврши со 26:17.
Најефикасна во тимот на ЖРК Куманово беше Бразилката Мариана Азеведо со пет реализирани погодоци, а со еден гол помалку мечот го заврши Ангела Шехтанска.
Кај Чаир, со по пет голови мечот го завршија Марија Николовска, Хана Мифтари и Изабела Фереира.
Никола Ивановски

