Женскиот ракометен тим од Куманово во сабота на гостински терен го игра вториот натпревар од регуларната сезона. Противник ќе им биде екипата на ЖРК Пелистер од Битола. Кумановки, минатата сезона остварија две победи и еден пораз со битолчанки.
„Нашата екипа е апсолутен фаворит на овој натпревар и се очекува со победа да се задржи лидерската позиција во првенството“, велат челниците.
Во тимот на ЖРК Куманово преовладува огромна мотивираност за овој натпревар а тоа се покажа со извонредниот тимски дух на претходниот натпревар кога беше поразен ЖРК Прилеп со резултат 29:23 . Добро ја познаваме екипата на ЖРК Пелистер. Реално ние сме фаворити на овој натпревар и тоа треба да го покажеме на терен. Мора да се игра ангажирано и да пружиме максимум од нашите можности. Потребно е да се држиме до нашата цел и игра. Очекувам интересен натпревар во кој што ние ќе издвојуваме победа и ќе го задржиме првото место во новата сезона – изјави ракометарката на ЖРК Куманово, Моника Паневска.
Инаку на овој натпревар ќе недостасува Маја Ивановска која заработи непријатна повреда на минатиот натпревар со екипата на ЖРК Прилеп.