Кадетките на ЖРК Куманово претрпеа два несреќни порази на Ф4 турнирот во Охрид. Иако имаа се во своите раце во полуфиналето, сепак испуштија предност од два погодоци (22-20) и пенал при резултат (22-22). „Црвено црните“ сурово ги казнија неискористение прилики на кумановки и ја зграпчија шансата за пласман во финалето. Натпреварот заврши со резултат 22:23 за Вардар СЦЈС.
Што се однесува до натпреварот за третото место против домаќинот Лихнид 2012, ЖРК Куманово не успеа психички да се соземе од поразот во претходниот натпревар, а тоа го искористија охриѓанки и благодарение на огромната подршка што ја имаа од трибините го освоија третото место. Натпреварот заврши со резултат 27:25.
Титулата во кадетската лига ја освои екипата на Металург со доминатна игра во текот на целиот финален натпревар против Вардар СЦЈС во салата „Билјанини Извори“. Предноста од два погодоци на полувремето (12-10), ракометарките на Металург ја преточија во рутински триумф (26-21) на крајот од мечот.