Ракометарките на Куманово утре со почеток во 16 часот на гостински терен ќе ги одмери силите со составот на ЖРК Металург од Скопје во рамките на домашната женска ракометна лига.
Според ракометарката и репрезентативка Александра Боризовска, зацртаните цели за третото место и пласман на ЕХФ Челинџ Купот се реализирани.
Металург е една солидна екипа со коруплентни играчи и добра одбрана пред се. Ние се подготвувавме добро исто така во одбраната, се надевам дека ќе покажеме солиден резултат. Моментално немаме никакви шанси за пласман на второто место, ние нашите очекувања ги исполнивме тоа трето место на табелата и директен пласман на ЕХФ Челинџ Купот – изјави Боризовска.
Очекуваме да извлечеме сега поволен резултат против екипата на Металург. Со подобра игра во одбораната и помалку голови да примиме мислам дека можеме да ги победиме – изјави Филип Додевски, член на Управен одбор на ЖРК Куманово.
Во изминатото коло од женската лига ЖРК Куманово обезбеди убедлива победа против составот на ЖРК Гевгелија со резултат 30:23.
Инаку Боризовска месецов ќе биде дел од уште неколку подготовки во рамките на македонската репрезентација и се надева дека наскоро ќе биде дел од конечниот список, а се од себе ќе даде и на утрешниот натпревар.