ЖРК Куманово го совлада Вардар

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово остварија победа против составот на ЖРК Вардар во рамките на 7то коло од плеј-оф завршницата во Женската ракометна лига.

Loading...

Избраничките на тренерот Краљевски славеа со 32:28, иако скоро целиот дел од натпреварот беше во изедначена борба со вицепрвакот на Европа.

Кумановки уште во осмата минута направија предност од три гола, додека пак Вардарки со одлична игра во одбраната и брзата реализација по 15 минути игра поведоа со 7:8. До крајот на полувремето се играше гол за гол, па на пауза се замина со резултат 14:!4.

Кумановки поведоа на почетокот од второто полувреме, па вардарки ги достигнаа, меѓутоа домашниот состав знаеше како да се разгори, па направи предност од 25:22, кога гостинскиот состав се обидуваше да брка израмнување.

Резултатската неизвесност траеше до самиот крај, а кумановски не попуштија и славеа со конечни 32:28.

Со седум реализирани погодци најефикасна кај Куманово, беше Ана Шарановиќ, а со поен помалку мечот заврши за Сања Дабевска. Извонредна игра прикажа и голманката Дичковиќ.

Во составот на Вардар со шест реализирани погодоци најефикасна беше Седлоска.

Ова е само увертира за натпреварите кои го очекуваат Куманово веќе од 9ти месецов, кога градот ќе биде домаќин на Фајн фор турнирот во ракомет за мажи и жени, а ќе се сретнат најдобрите во македонскиот ракомет. Куманово за противник во полуфиналето ќе го има овогодинешниот најголем ривал ЖРК Металург.

Loading...

Leave a Reply