Женскиот ракометен клуб од Куманово одигра лесен натпревар на гостински терен против екипата на ЖРК Пелистер од Битола.
Домашните ракометарки беа торпедирани од сите страни особено во првото полувреме каде што максималното водство на гостинскиот тим изнесуваше 12 голови разлика, а веќе на полувреме се замина со резултат 7:19. Нападот и одбраната функционираа скоро без грешки. Второто полувреме кумановки го изиграа рутински и со 30% од својата сила. Натпреварот заврши со резултат 25:34.
Тимскиот дух беше на максимално ниво, а тоа го покажува и фактот дека дури девет ракометарки се запишаа во листата на стрелците.
Најефикасна кај ЖРК Куманово беше репрезентативката Александра Боризовска со 7 постигнати гола, потоа Маја Ивановска и Јована Кипријановски постигнаа по 6 гола.
Следниот дуел екипата на ЖРК Куманово го игра на домашен терен во куп натпреварот против екипата на ЖРК Металург.