Женскиот ракометен клуб Куманово утревечер со почеток во 18:30 чадот на домашен терен го пречекува составот на ЖРК Пелистер од Битола во рамките на вториот дел од сезоната на женската ракометна лига.
Мечот требаше да се одигра во Битола, н поради реновирање на тамошната спортска сала, натпреварот ќе се одигра во салата на ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“. Кумановки во првиот дел од сезоната остварија две победи протисв составот на Пелистер.
Екипата на ЖРК Куманово е апсолутен фаворит на средбата, меѓутоа се уште има проблеми околу составот на првиот тим на клубот и неизвесно е дали тие ќе го одиграат мечот. Причината за ваквата неизвесност е тешката финансиска состојба во која кумановскиот клуб се наоѓа во последните месеци. Сепак од управата велат дека преговорите траат и вложуваат максимален напорт да се изнајде решение на проблемот и оваа генерација да остане во клубот.
Loading...