Женскиот ракометен клуб Куманово утревечер на домашен терен ја пречекува екипата на ЖРК Гевгелија во рамките на домашната женска супер лига.
Очекувам еден цврст натпревар, очекувам и победа, очигледно дека екипата се наоѓа во нагорна линија на форма, со последните два натпревари кои ги реализиравме изгубивме морам да кажам за последниот натпревар кој се одигра во Скопје, водевме три разлика, требаше да го добиеме натпреварот, но сепак Вардар е Вардар, вложување во нив, вложување во нас, така да моравме да го изгубиме натпреварот. За утре очекувам сигурна победа, шанса за сите ракометарки кои ќе бидат во составот – изјави Антонио Ивановски, тренер на ЖРК Куманово.
Ракометарките на Куманово засега се наоѓаат на третата позиција во табелата со 18 освоени поени и одиграни 9 меча, од кои шест со победа. На првото место без пораз е составот на Металург против кој кумановки ќе играат во сабота на гостински терен.
Очекуваме да изиграме многу поквалитетно, последниот натпревар изигравме многу слабо со нив така да екипата на Куманово оди се нагоре и нагоре и ќе очекуваме подобри резултати – дададе Ивановски.
Натпреварот ќе започне во 19:30 часот во Спортската сала не ООУ „Христијан Карпош“ во населбата Перо Чичо.