Со 17 победи од 24 одиграни натпревари и трето место во сениорската ракометна лига, ЖРК Куманово вчеравечер на коктел забава ја заврши успешната сезона годинава во конкуренција со уште шест други екипи од државата.
Општина Куманово годинава не организираше прогласување на најдобри спортисти во градот, па управата на клубот тоа го направи на интерно ниво.
Во кадетска категорија за најдобра е прогласена Мила Трајковиќ, за најдобра пионерка пехар доби Сара Цветановска, додека за најдобра ракометарка во клубот е прогласена Александра Боризовска која е повикана и на прелиминарните тренинзи за настап во македонската репрезентација.
Ова признание ќе ме мотивира понатаму за подобра игра и поголем напредок за понатаму. Се надевам дека како до сега ќе продолжиме и наредната година ќе се пласираме на фајнл-фор и ќе бидеме се подобри и подобри – изјави Цветковска.
Ова признание за мене претставува поголема мотивација за наредните години. Ќе се трудам да работам уште повеќе за да освојувам уште признанија – рече Трајковиќ.