ЖРК Куманово фуриозно против Чаир

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово остварија уште една победа, откако на домашен терен викендов го совладаа составот на Чаир со резултат 33:25.

Loading...

Кумановки лесно го започнаа натпреварот и не дозволуваа противникот да направи драстично водство во резултатот, па веќе по првиот дел од средбаата имаа блага позитива во резултатот со 18:16.

Машинеријата на тренерот Симе Симевски, лесно успеа да постигне поголема предност во второто полувреме од натпреварот и со конечни 33:25 запиша нови бодови на табелата.

Најефикасни во составот на Куманово со по шест голови се Васка Глигоријадис и Леонида Гичевска, додека кај поразените на листата стрелци со исто толку поени се впиша Маја Каранлифовска, а со гол помалку Марија Николовска, Леонора Рахмани и Анастасија Николовска.

По победата Куманово се наоѓа на втората позиција во табелата, веднаш зад екипата на Металург која веќе има одиграно еден натпревар повеќе.

Следниот меч ЖРК Куманово го игра на гостински терен против составот на ЖРК Ѓорче Петров.

Leave a Reply