ЖРК Куманово домаќин на Фајнл фор турнирот за жени и мажи

Сподели со своите пријатели

По повод 90-годишнината од формирањето на Женскиот хазенарски клуб Куманово, како прва ракометка екипа во Македонија, како и 500-годишнината на град Куманово, во Спортската сала Куманово ќе се одржат завршните Ф4 турнири од Купот на Македонија во ракомет во женска и машка конкуренција.

Loading...

Организатори на завршните турнири се општина Куманово, Женски ракометен клуб Куманово и Ракометната федерација на Македонија.

Право да се борат за драгоцениот пехар изборија скопските екипите ЖРК Вардар СЦЈС и ЖРК Металург, ЖРК Стружанка од Струга и домаќинот ЖРК Куманово во женска конкуренција, додека во машка конкуренција се ќе се натпреваруваат РК Еурофарм Битола, скопрските РК Вардар, РК Бутел и РК Металург во машка конкуренција.

Турнирите ќе се одржат во период од 9 до 11 мај 2019 година.

Извлекувањето на полуфиналните парови треба да се одржи веднаш по велигденските празници во просториите на РФМ.

ФОТО: Пиксабеј

Leave a Reply