ЖРК Куманово директно во групите на Лигата на шампионите

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово кои сезонава имаат најдобри успеси на домашната ракометна сцена, ќе имаат можност годинава да се натпреваруваат во Лигата на шампионите, бидејќи Металург официјално се откажа од своето учество.

Loading...

Само едно место ја следува земјата во елитната конкуренција, а според пропозициите на Ракометната федерација, ќе се важат резултатите од минатата сезона кога најдобар беше Металург. Но, со оглед дека тимот се откажа од своето учество кумановки ќе се натпреваруваат во ЛШ.

ЖРК Куманово веќе достави барање до федерацијата да биде пријавен и да го искористи местото на Металург со што директно обезбеди пласмат во групите на Лигата на шампионите.

Но, таму ги очекува пеколна конкуренција и 14 натпревари. Ќе се игра во две групи по осум екипи, по што ќе следува осминафинале, четвртфинале и фајнл фор.

Директно место во групната фаза добиваат тимовите на Ѓер, Ростов Дон, Валчеа, Есбјерг, Брест Бретањ, Кристијансанд, Борусија Дортмунд, Куманово и Будуќност, плус претставник од земјата што има најмногу титули во последните три години во ЕХФ Купот, а тоа е данскиот Оденсе. Останатите шест места ќе бидат пополнети со екипи што ќе побараат вајлд-карта.

Според сегашните најави, натпреварите би требало да се играат за викенд со почеток во 14:00 и 16:00 часот. Деталите и конечните листи на учесниците ќе бидат познати на 1ви јули.

Никола Ивановски

Leave a Reply