Ракометарките на Куманово денеска на гостински терен против РК Спартак, го игра натпреварот од 19. коло од женската Супер лига на Македонија.
По значајната победа на домашен терен врз составот на Вардар изминатиот викенд, избраничките на тренерот Александар Бојковски се пред нов предизвик и овој пат влегуваат како фаворити во мечот.
Од досега одиграните натпревари Спартак е на претпоследната позиција во табелата, додека кумановки се борат да преминат на третото место кое го држи ЖРК Вардар со само еден бод разлика.
Натпреварот против Спартак започнува денеска од 14 часот во спортската сала „Круме Кепески“ во Скопје.
Никола Ивановски

