ЖРК Куманово денеска ја почнува наптреварувачката сезона

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово денеска во 17:00 часот на гостински терен ја почнуваат новата сезона во домашниот шампионат, а за противник го имаат составот на тимот на Спартак.

Loading...

Кумановки и сезонава влегуваат како фаворит за двојна круна.

Во моментот кога се прекина минатата сезона и беше донесена одлука за нејзино поништување, поради коронавирусот, кумановки беа на врвот на табелата и близу до освојување на шампионатот.

Поразлично оваа сезона е што сите натпревари ќе се играат под строги протоколи на здравствените власти и Ракометната федерација со цел заштита од ширење на коронавирусот.

Сите натпревари ќе се одиграат пред празни трибини, се додека не се донесе поинаква одлука од страна на Владата.

Второто коло се игра веќе во недела кога ЖРК Куманово ќе го пречека составот на Пелистер.

Никола Ивановски

Leave a Reply