ЖРК Куманово чека на одговор од РФМ во врска со пријавата за Лигата на Шампионите

Сподели со своите пријатели

Женскиот ракометен клуб Куманово веќе два дена чека повратен одговор од Федерацијата на кој начин се пријавени за учеството во Лигата на шампиони.

Loading...

Согласно ранкинг листата на Европската Ракометна Федерација за сезона 2020/21, која се формира врз основа на клупските резултати од предходните сезони, во женска конкуренција Македонија е на  8 позиција, а со тоа во следнава сезона (2020/21)  има едно загарантирано место во Лига на Шампиони ( од 9 загарантирани), и загарантирани три места во Европската ракометна лига (старо ЕХФ Куп).

Меѓутоа во средата ЕХФ на својот сајт објави информација за девет екипи кои што имаат загарантирано место во групите, а на  изненадување на ЖРК Куманово, тимот го префрлаат во група со 11 други екипи, баратели на Вајлд карта, кои чекаат на одобрување за преостанатите 7 места.

–  Затоа веднаш реагиравме до Генералниот Секретар на РФМ со барање да ни се даде информација на кој начин не имаат пријавено за учеството во европското натпреварување, односно дали наместо за загарантираното место не имаат пријавено како баратели на Вајлд карта.  За жал од РФМ и после два дена сé уште не добивме никаков одговор. Не знаеме од која причина се молчи од нивна страна, и во овој момент не би сакале да шпекулираме, бидејки можеби е само во прашање ненамерен технички пропуст. Затоа ќе почекаме до понеделник, и ако е потребно ќе побараме информации директно од ЕХФ, реагираат од Управата на Женскиот ракометен клуб Куманово.

Линкот на нашата федерација во кој што е објавен ранкингот.

Leave a Reply