Ракометарките на Куманово деновиве се доста активни со своите настапи, па така и покрај велигденските празници, денеска ќе го одиграат натпреварот од 23. коло од домашната ракометна лига за дами.
Во 15:00 часот на гостински терен кумановки ќе ги одмерат силите со ЖРК Деспина од Прилеп, а во мечот влегуваат како фаворити.
Во претходното коло со два гола разлика загубија од составот на битолски Пелистер.