Жолт снег падна во Кина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Одредени делови на северозападот од Кина ги прекри „жолт снег“, феномен кој според метеоролозите се формира со комбинација на снег и песочна бура.

Снегот, со височина од 10 до 20 сантиметри, паднал за време на викендот во неколку градови, а жителите на социјалните мрежи споделиле фотографии и снимки од феноменот.

Граѓаните забележале дека површината на снегот е прекриена со слој прашина, а дека под него снегот е бел.

Loading...

Директорот на метеоролошкиот институт во Синџијанг Хе Чинг за кинеската информативна агенција изјавил дека снегот и песочната бура се измешале.

– Од минатиот петок, многу места во Синџијанг се под влијание на силни ветрови. Во областа Карамај забележана е песочна бура. Силните ветрови донесо0а песок јужно на градовите меѓу кои Урумчи и Шанџи. Поради ниските температури, песокот паднал заедно со снегот, рекол тој.

Leave a Reply