Жолт метео аларм за опасност од можни поплави во кумановско

Сподели со своите пријатели

Управата за хидрометеоролошки работи издаде жолто ниво за предупредување од можни поплави во регионот на кумновско.

Ваков метео аларм, со порака дека состојбата со водотеците е потенцијално опасна, УХМР издаде за поголемиот дел од државата, додека истокот и југоистокот од земјата засега нема опасност.

– Се уште е висок водостојот на река Пчиња во горниот дел од нејзиното течение каде исто така се можни слаби локални излевања. Можни се и излевања на река Кумановка каде исто така има значително покачен водостој, велат од УХМР.

За само едно деноноќие водостојот на Пчиња се зголеми за 100 сантиметри, според мерењата направени рано утринава. Тоа предизвика излевање на реката на неколку локации во селата Пелинце и Стрновац.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гимнастичарите на „Атлета“ Куманово со освоени 14 медали на државниот натпревар

Две лица утринава беа спасени од пожарникарите на ТППЕ Старо Нагоричане откако ги зафатила надојдената вода во селото Стрновац.

Според сегашните најави врнежите ќе продолжат и во текот на утрешниот ден, но со локален карактер и послаб интензитет.

Во Куманово утре ќе имаме променливо време со услови за дожд, но и за сончеви периоди во текот на денот. Во вечерните часови повторно ќе има зголемена облачност која ќе донесе услови за врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне 17 степени цезлиусови.

Променливо време со услови за дожд ќе имаме до недела.

Никола Ивановски