Жолт метео аларм за невреме со грмотевици

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со услови за нестабилност со дожд и грмежи во попладневните часови.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 32 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец затоа што возел со 1,57 промили

Од страна на УХМР за регионот на Куманово е издадено жолто метео предупредување за опасност од невреме со грмотевици.

 

 

До крајот на неделата ќе се задржи претежно стабилно време, а од почетокот на следната не очекува нов топлотен бран со температури и над 40 степени.

Никола Ивановски