Кошаркарките на Куманово Гризли викендов на домашен терен го совладаа лидерот на табелата, составот на Баскет кам.
Домашната екипа на теренот покажа карактер, од почетокот до крајот на средбата и со убедливи 15 поени разлика го победи Баскет кам и ја задржа третата позиција на табелата.
Во домашниот состав најефикасна беше Едина Муса која постигна 22 поени и 7 скокови. Ја следи јасмина Џонсон со 20 поени, шест скока и три украдени топли.
Како и секогаш на ниво на задачата беше и Снежана Алексиќ која покрај 15 поени додаде на своето конто и 12 асистенции.
Џенај Камп реализираше 16 поени и девет скокови.
Од управата на клубот велат дека очекуваат екипата на Куманово да продолжи со победничката седија и во следните два натпревари и во плеј-офот од женскиот шампионат да статува со втората позиција.
Никола Ивановски