„Животот во Хавана“ утре ќе биде промовирана во Куманово

Сподели со своите пријатели

Книгата „Животот во Хавана“ од Роберто Брсакоски утревечер со почеток од 19:30 часот ќе биде промовирана во просториите на фото клуб Куманово.

Loading...

Роберто е познат македонски фотограф, а воедно член на фото клубот „Елема“ од Скопје, кој во ова свое патешествие преку визуелни уметнички дела ќе ни го претстави животот на едноставниот жител на Хавана, секојдневието таму, радостите, тагите кои Хавана ги поседува и го пленува секој гледач да отиде таму и да ја вкуси едноставноста и среќата, по која секогаш трагаме далеку, а никогаш не ни текнува да ја најдеме околу нас.

На промоцијата заинтересираните ќе имаат можност да продискутираат со авторот, како и да го купат неговото дело.

Leave a Reply