Животински видови кои изумреа минатата година благодарение на човекот (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Минатата година светот остана без бројни животински видови, пред се благодарение на луѓето.

Loading...

Спикс макао (Cyanopsitta spixii) доживеа светска популарност во анимираниот филм „Рио“ како неодолив папагал по име Блу кој патува илјадници километри во обид да го спаси својот вид. За жал денес во дивината повеќе го нема, има само 100 единки и сите живеат во заробеништво.

Освен него, повеќе ги нема ниту птиците Philydor novaesi, Cichlocolaptes mazarbarnetti и Melamprosops phaeosoma.

Човечката активност доведе до изумирање на сите ови птици.

– Сигурно е дека стапката на изумирање на континентите е поголема од било кога. И сигурно е дека ќе продолжи да расте ако не бидат усогласени напорите за зачувување на видовите, рекол Стјуарт Бучарт, научник од „BirdLife International“.

Минатата година официјално за изумрен е прогласен и источниот кугуар.

Loading...

Судан, последниот северен бел носорог угина и целата популација се сведе само на две женки.

За видот мали китови вакита, само е прашање кога ќе исчезнат, затоа што има само 12 единки.

– Ќе ги изгубиме вакитите. Изумирањето би можело да се случи следната година, а можеби и оваа, рекол професорот по биологија на колеџот Сент Мери, Си Мекеон.

Не само што луѓето допринеле за изумирање на некои штотуку откриени видови, како тапанули орангутани, кои уште во 2017 година се класифицирани како нов вид, туку убиваме и некои од старите.

Loading...

Кинескиот џновски саламандер „жив фосил“ чии претци живееле на Земјата уште во времето на стегосаурусот, се на раб од изумирање.

Многу видови ајкули, иако преживеале 250 милиони години, исто така се критично загрозени.

Жирафите се прогласени за критично загрозени во 2018 година, како и скоро сите видови лемури.

Дури и инсектите се загрозени. САД изгубиле 97 отсто од западните пеперутни монаси.

Loading...

Сепак, постојат и причини за надеж. Планинските горили повеќе не се критично загрозени, а во Чад се вратиле дивите црни носорози, први по 50 години.

Санквинтинскиот кенгур – пацов, кој се сметал за изумрен, сепак не изумрел, а мексиканските чесни сестри го спасиле реткиот саламандер од езерото Пацкуар.

Leave a Reply