Живеела сама на остров со 32 мажи, се однесувале кон неа како кон кралица, а потоа ѝ го претвориле животот во пекол (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Островот Анатахан – мал и изолиран во Тихиот Океан – станал сцена на една од најневеројатните приказни по Втората светска војна.

 

 

Во 1944 година, Јапонката Казуко Хига пристигнува на островот со својот сопруг. Но нивниот мирен живот го нарушува војната – кога американски сили потопуваат јапонски бродови, војници и рибари преживуваат и се засолнуваат на островот.

Кога завршува војната, тие не знаат дека Јапонија се предала. Така, 32 мажи и Казуко остануваат во изолација цели 7 години.

Како единствена жена, Казуко станала центар на вниманието. Во почетокот, ситуацијата била стабилна. Но сè се менува кога двајца мажи пронаоѓаат американски авион со пиштоли. Со оружјето доаѓа и желба за моќ – и за Казуко. Таа прифаќа брак со двајцата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хороскопски знаци кои секогаш ги ставаат пријателите пред љубовта

Следат љубомора, насилство и убиства. Во конфликтите умираат деветмина, а наскоро уште четворица. Внатрешната борба за доминација го претвора островот во пекол. Кога станува јасно дека изворот на тензијата е Казуко, некои мажи почнуваат да кројат планови да ја убијат. Еден човек ја предупредува – таа бега во џунглата и преживува 33 дена сама.

Во 1951 година, американски брод конечно ги спасува сите. Од 32 мажи, преживуваат само 16.

Казуко починала на 49 години – оставајќи зад себе легенда што до денес предизвикува чудење и недоразбирање.