Живее во сред шума во авион „Боинг 727“ (видео)

Сподели со своите пријатели

Брус Кембел, инжинер, купил труп од авион кој бил повлечен од употреба и од него направил необична куќа која ја сместил во шума. Огромниот труп од авионот за комерцијални летови се потпира на бетонски столбови и се наоѓа во сред шума, недалеку од Пртланд во Орегон. Дури има и свој прилаз за автомобили.

Авионот има ипровизиран туш, а неговиот сопственик работи на тоа да си направи функционален тоалет. Планира и да поврати некои од оргиналните делови на енетериерот на авионот, како што се седишта и светла.

Кембел во авионот живее шест месеци годишно. Останатиот дел го минува во јапонија, каде е во потрага по повлечен „Боинг 747“ чиј труп би го искорситил на сличен начин, пренесува „Мирор“.

Инаку, авионот го купил како што вели да го спаси да не стане старо железо. Првин имал идеја да направи куќа од неколку теретни возила и да ги постави на својот имот, но бидејќи слушнал дека некој направил нешто слично со авион, се предомислил.

Земјиштето од четири хектари во Орегон го платил 23 илјади долари, додека авионот го чинел 220.000 долари.

https://www.youtube.com/watch?v=ZXhYkuBjDik

Loading...