ЖИВЕАТ ВО ПОЛИГАМИЈА: На сопругот му пронашла „своја копија“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сопругот ја изневерил, па пронашла своја двојничка, сега спијат заедно, а таа вели дека така го спасила бракот.

Loading...

Необична и несекојдневна приказна открила жена по име Техмена Кинтана која живее со својот сопруг и нејзината двојничка.

Ова се случи откако нивниот брак паднал во криза.

Нејзиниот сопруг ја изневерувал, а таа нашла „решение“ за таа ситуација.

Детали за оваа заедница се дадени од Love Don’t Judge.

Прељубата се случила пред три години, па со желба да го спаси бракот, смислила наводно решение на кое ретко кој би помислил.

Нејзиниот предлог бил отворена врска. Почнала да ја бара својата двојничка, бидејќи нејзиниот сопруг Брајант Квинтана „сака таков тип на жена“.

„Сакам да бидам со него до крајот на мојот живот, па какви и да се неговите желби, ќе ги остварам“, изјави таа во споменатата емисија „Love Don’t Judge“ која беше објавена на Јутјуб.

Loading...

Потрагата по нејзината двојничка се одвивала преку социјалните мрежи.

Техмена призна дека се чувствувала љубоморна и несигурна од помислата дека друга жена живее со нив. Но, таа не се откажала од својата намера.

Кога го видела австралискиот модел Кирија Џонсон, знаела дека нејзината потрага е завршена. Двете изгледаат неверојатно слично.

„Секогаш нè прашуваат дали сме сестри или близначки“, истакна таа.

Истиот стил на облека дополнително ја подобрува оваа сличност.

Како што рече Кирја, на почетокот врската меѓу тројцата била пријателска, а подоцна се се претворило во сексуална врска.

Како што нагласуваат, полигамната врска го спасила бракот.

На неверниот Брајант му се допаднала таквата заедница па рекол дека нема повеќе да ја изневерува сопругата.

Loading...

Некои ќе речат дека прељубата дефинитивно се случува, а Техмена додава дека нејзината двојничка е алката која им недостигала цело време.

Како ја коментирате оваа приказна?