Житни култури изгореа во пожар во Младо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Житни култури на површина од околу два и пол декари изгореле вчера во пожар во селото Младо нагоричане, во маалото Поганци.

Loading...

На терен интервенирала противпожарна екипа од ТППЕ Старо Нагоричане во период од 10:40 до 11:30 часот.

Причина за избувнување на пожарот како и висината на настанатата материјална штета допрва ќе се утврдуваат.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денот на независноста утре ќе се одбележи и во Куманово