Жителка на Липково за 66 илјади денари ја „олеснила“ сметката на својот сограѓанин

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи – Куманово поднел кривична пријава против С.М. (43) од селото Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Имено на 31.07.2015 година, неовластено дошла до платежна картичка и пин кодот сопственост на оштетениот И.М. при што во неколку наврати од банкомати во Куманово подигнала вкупно 66.000 денари за кој износ го оштетила И.М.

Осомничената кривично ќе одговара пред надлежните органи.