Градоначалникот Зоран Дамјановски, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, како и директорот на ЈП „Водовод“ Горан Стојковски денеска во просториите на општина Куманово потпишаа договор за проект под насловот „Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Куманово“.
[huge_it_gallery id=”247″]
Договорот најпрвин ќе опфати проширување на канализационата мрежа во н. Перо Чичо, поточно во делот нарекуван „Гладно поље“. Населението од оваа место пред некое време преку медиумите бараше приклучување кон градската канализациона мрежа.
Со потпишување на договорот освен што овој дел од градот ќе добие канализација, градскиот канализациски систем кој е застарен исто така ќе биде обновен во должина од 26 километри.
Паралелно со изградба и рехабилитација на канализационата мрежа ќе има и санација на патната инфраструктура во деловите каде ќе имаме изведување на работите.
Градоначалникот се заблагодари на заложбите на министерот Нурхан Изаири кои ги има напарвено Куманово да го добие овој проект.
Ќе бидам задоволен ако овој проект ќе можеме да го завршиме до крајот на 2017 година, бидејќи станува збор за еден голем и обемен проект и се надевам ека во најскоро време благодетите од оваа работа ќе бидат присутни на нашите улици.
Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири вети дека овој проект ќе биде завршен и неколку месеци пред крајот на 2017 година.
Овие средства се од ИПА, меѓутоа тука има околу 20% средства од Буџетот на државата. ова е комбинација ИПА заедно со буџетот на државата. Ова е еден од проектите со кои можеме да се гордееме, но нас не очекуваат други проекти кои заедно со општината и регионот ќе ги решиме – истакна министерот Изаири.
Горан Стојковски, директор на ЈП „Водовод“ денеска изјави дека во 2017 резултатите од овој проект ќе бидат видливи.
Денеска сме во можност да го потппишеме овој договор и воедно да започнеме со имплементација на истиот и на крај бенефит ќе имаат граѓаните на општина Куманово, кои ќе добијат модерна нова канализациона мрежа, како и ревитализирана стара мрежа и секако краен бенифит за животната средина на Република Македонија.
Инаку проектот се реализира со финансиски средства преку Инструментот на ЕУ за претпристапна помош – ИПА и е предвиден во рамките на Оперативната програма за регионален развој 2007-2013 и кофинансиран од Буџетот на Република Македонија.
Имплементацијата на договорт и спроведување на истиот ќе започне во 2016 година, а истиот ќе чини пет милиони евра и се очекува да биде готов за 18 месеци.