Денешните жители на Нердлинген знаат дека живеат на тони дијаманти, но немаат намера да го уништат градот за да се збогатат.
Малиот град Нердлинген во Баварија е изграден на дијаманти кои датираат пред 15 милиони години, кога астероид удрил во Земјата.
Геолозите проценуваат дека ширината на астероидот била еден километар, исто како и денешниот Нердлинген, а тежел околу три милијарди тони.
Ударот ја зголемил температурата и притисокот доволно за да формира мешавина од стакло, кристали и дијаманти или сувит.
Се проценува дека во областа Нердлинген има околу 72 илјади тони дијаманти.
Кога првите жители пристигнале милиони години подоцна, не ни знаеле дека градат куќи на скапоцена почва.
Тие со години верувале дека потеклото на кратерот е вулканско, додека во 1960-тите не било потврдено дека станува збор за астероид.
Тие користеле сувит како градежен материјал, не сфаќајќи дека се состои од ситни дијаманти.
Денешните жители на Нердлинген знаат дека живеат на тони дијаманти, но немаат намера да го уништат градот за да се збогатат.
Не би можеле да добијат добра цена за ситни камења, дури и во големи количини, бидејќи се помали од 0,2 милиметри.
Германскиот град профитира на друг начин, туристите доаѓаат од целиот свет за да ја видат блескавата архитектура и да го посетат музејот на кратерот Рис, во кој се сместени „домашни“ примероци од кратери, како и оние од други делови на светот.