Жителите на Херсон со голи раце запреа руски воени возила (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Жителите на украинскиот Херсон, град окупиран од руската армија, им го попречија патот на руските воени камиони со ознака „Z“ на улиците и ги принудија да се вртат.

Видеото кое е направено завчера, на Твитер го објави украинскиот новинар Олексиј Сорокин.

 

Зошто Мариупол е толку важен за Русија?

 

Украинците им извикуваа „Одете си дома“ на Русите и им покажаа среден прст.

Руските сили го окупираа Херсон по почетокот на инвазијата на 24 февруари, но проукраинските демонстранти последователно продолжија да излегуваат на улиците и да протестираат против инвазивните сили.