Жители од Оризари насилно влегле во просториите на ЕВН во Куманово

Сподели со своите пријатели

Жители на липковското село Оризари насилно влегле во просториите на подружницата на ЕВН во Куманово, потврдуваат од компанијата.

Loading...

Мештаните на Оризари бараат да им се вклучи струја, откако вчера останаа без неа откако несовесните слупчанци искршија трансформатори и предизвикаа голема хаварија која остави без струја шест села и ГП „Табановце“.

Од ЕВН велат дека вработените на КЕЦ Куманово ги напуштиле работните места од безбедносни причини и непостоење на услови за работа.

– Се до создавање на нормални услови за работа, Корисничкиот енерго центар на ЕВН – Куманово нема да работи, велат од компанијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец удрил со автомобил во малолетничка во Скопје

Цела ноќ екипи на  Електродистрибуција работеле на санација на дефектите кои ги предизвикаа слупчанци во неколку села.

Во моментот е нормализирано снабдувањето со електрична енергија во селата Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце.

Но, мештаните на липковско Слупчане беснееле и ноќва.

– Во текот на ноќта беше предизвикан нов дефект, исто така од мештаните на Слупчане, кој ги остави селата Матејче, Виштица и Никуштак. Овој дефект е саниран и снабдувањето е нормализирано и во овие села.

Loading...

Без струја засега остануваат Слупчане и Оризаре, а од ЕВН велат дека нема да ги санираат тие дефекти додека на екипите не им се гарантира безбедност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец удрил со автомобил во малолетничка во Скопје

– Се додека не се создадат нормални услови за работа и се загарантира сигурноста на вработените на Електродистрибуција, нема да работиме на санација на дефекти или извршуваме редовни работни активности во овие села, велат од ЕВН.

Инаку вчера слупчанци не дозволија влез на екипите на ЕВН во селото, а во меѓувреме доставија апсурдни барања до компанијата меѓу кои да им ги прости долговите за досегашната крадена струја и секоја нова сметка да не биде повисока од 3.000 денари без разлика колку струја ќе потрошат.