Жители од Куманово и Матејче заработија кривични пријави за измама

Сподели со своите пријатели

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Е. (54) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“, против С.Т. (40) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „поднесување лажен доказ“ и против Б.Р. (49) од с.Матејче, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со „измама“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

М.Е. во декември 2014 година во Швајцарија купил товарно возило „Пежо Боксер“, по што направил лажен купопродажен договор дека на 20.03.2014 година со С.Т., којшто веќе поседувал потврда од СВР Куманово дека е одјавен во 2004 година и престојува во Република Бугарија, дека е купувач на возилото, со што го исполнувал условот од Законот за возила, да го довезе возилото во Република Македонија. С.Т., и покрај тоа што знаел дека договорот е лажен, го приложил како доказ во управна постапка во Царинарница Куманово – Царинска Управа на Р.Македонија, Бирото за метрологија при Министерството за Економија и Техничка служба АМ ЦЕРТ ДООЕЛ Скопје, со што се стекнал со согласност за регистрација на половно моторно возило увезено од странство. Потоа, М.Е. и С.Т. го продале возилото на Х.Т. (39) од с. Гајре за износ од 8.000 евра. Б.Р., и покрај тоа што знаел за незаконските дејствија, го довезол возилото од Швајцарија, посредувал при продажбата и ги поднесувал документите за превод и заверка кај нотар.