СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Е. (40) од Куманово инвеститор на градба, со привремен престој во Швајцарија, Г.Р. (30) од с.Липково, управител на правното лице изведувач на градба и против Друштво за градежништво, производство трговија и услуги “НОВА ГРАДБА” ДООЕЛ, село Липково, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело “бесправно градење”, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во 2016 и 2017 година на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“ во Куманово прво и второпријавениот изградиле семејна стамбена куќа со деловни содржини од втора категорија со отстапувања и спротивно на издаденото одобрение за градење и заверениот основен проект.