Жители на Лопате и Гостивар осомничени за милионска кражба на менувачница

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Џ.И. (23) од Гостивар, Е.А. (27) од село Дебреште, гостиварско, и М.А. (27) од село Лопате, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во периодот од 02 до 03.01.2017 година со употреба на тврд предмет пријавените извршиле тешка кражба во менувачница од каде одзеле еден метален сеф во кој имало еден пиштол марка „Берета“ калибар 9мм, 50 куршуми со калибар 9мм, 2.160 евра во разни апоени, 909.640 денари во разни апоени, 3.200 американски долари во разни апоени, еден златен машки часовник, печати од фирмата и разни документи од фирмата, со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 1.301.111 денари.