Жители на Гошинце го украле камионот кој им го одзеле шумочуварите

Сподели со своите пријатели

Вчера во 10,40 часот во близина на браната „Глажња“, од страна на полициски службеници било пронајдено товарно моторно возило “ТАМ 2001“, натоварено со дрва од илегална сеча, кое потоа им било предадено на шумочувари.

По кратко време, како што информираат од СВР Куманово, дошла поголема група жители од селото и ги истовариле дрвата, по што го зеле возилото.

На местото на настанот е приведен сопственикот на возилото Б.Д.(29) од село Гошинце и уште две лица. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply