На 05.06.2017 година во 09.05 часот на Полициска станица за Граничен премин -Табановце полициски службеници извршиле контрола на ПМВ „Фолксваген Шаран“ со српски национални ознаки, управувано од Д.В. (50) од Бујановац, Република Србија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Притоа било констатирано дека е фалсификуван ВИН бројот на возилото. Со Потврда за привремено одземени предмети возилото е одземено, а лицето е приведено. Во 10.00 часот, со Потврда за предавање на лице, лицето и возилото се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
На 05.06.2017 година во 18.00 часот на Полициска станица за Граничен премин Табановце, при преглед на патничко возило ,,Мерцедес C 220CDI“ со српски национални ознаки, управувано од Д.Ф. (27) од Самољица, Бујановац, Република Србија, од страна на полициски службеници било констатирано дека е фалсификуван идентификационен (VIN) број.
Лицето е приведено и во 18.45 часот, со Потврда за предавање на лице, лицето и возилото се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.