Жител на Вевчани приведен на Граничниот премин Табановце

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 13.10 часот на Граничниот премин Табановце, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето В.Ш. (64) од с.Вевчани се наоѓа на СТОП- листа за издржување казна затвор во траење од три месеци за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, по член 292 од Кривичниот Законик на Република Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето било лишено од слобода и со потврда било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.